Американскиот рок-музичар Џон Бон Џови бил снимен со камера како се обидува да убеди „очајна“ жена да се тргне од работ на мост во Нешвил.
Американскиот пејач наводно го снимал спотот за песната „The People’s House“ со својот бенд на пешачки мост, кога забележал жена од другата страна на оградата.
На снимките од надзорните камери што ги споделила локалната полиција, фронтменот Бон Џови може да се види како ѝ приоѓа на вознемирената жена заедно со член на неговата екипа. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа, повикувајќи ја да се врати на безбедно, по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.
Според полициската управа Метрополитен Нешвил, инцидентот се случил во вторникот вечерта.
NEW: Singer Jon Bon Jovi saves a woman from jumping off a bridge in Nashville, Tennessee while filming a music video.
Good man.
Bon Jovi was seen approaching a 62-year-old woman on the John Seigenthaler Pedestrian Bridge.
The musician leaned over the railing before… pic.twitter.com/msyGSU3hQW
— Collin Rugg (@CollinRugg) September 11, 2024
Снимката почна да кружи на социјалните мрежи. Видеото се појави и на „YouTube“, но платформата го отстрани поради правилата на објавување.
Инаку, Бон Џови има фондација наречена „JBJ Soul Foundation“, која им помага на луѓето во криза, од глад до бездомништво. Многу обожаватели ја пофалија неговата реакција.