Стивен Тајлер е цел на сериозни обвинувања за сексуално вознемирување од Американка, која јавно проговори за душевната болка која ја претрпела.
Против популарниот пејач на „Аеросмит“, Стивен Тајлер, е поднесена тужба за сексуално вознемирување, во која музичарот е обвинет дека два пати ја нападнал Американката во 1975 година, кога имала 17 години, пишува Би-Би-Си.
Тужбата беше поднесена до Врховниот суд на Њујорк од Жан Белино, која тврди дека претрпела „тешка и трајна емоционална болка“.
Ова е втора тужба против популарниот музичар, откако Јулија Мисли минатата година го обвини пејачот за сексуален напад.
Стивен Тајлер, кој сега има 75 години, ги негираше сите наводи во претходната тужба, а за новите обвинувања од страна на Џин Белино се уште не се огласил.
Џин Белино работела како модел на Менхетен кога пријател ѝ договорил да се сретне со рок бендот по модна ревија, пишува во тужбата, пренесоа медиумите.
Пејачот наводно ја натерал Белино да влезе во телефонска говорница додека се шетале низ градот со уште неколку луѓе. Во тужбата се наведува дека Тајлер ја „малтретирал и допирал“ и дека таа се обидела да му се спротивстави, но не успеала. Неговите другари од бендот и другите во друштвото „само гледале, се смееле и не правеле ништо за да го спречат“, како што тврди поранешната манекенка.
Белино тврди дека Тајлер потоа ја приковал за ѕид во хотелскиот бар и почнал да симулира секс. Таа тврди дека „се спротивставила и го влечела за коса“, дека „липала и се плашела“, а си заминала откако тој ја поканил да оди во неговата соба.
Во тужбата се наведува дека таа со години „страдала“ поради инцидентот, дека претрпела големи физички и душевни болки и дека чувствувала срам и понижување.