Пејачот се соблече пред камера, па се покаја: Мама ќе ме убие

324 прегледи

Пејачот Лиам Пејн, поранешен член на популарниот бенд „One Direction“, сними реклама за долна облека со згодната манекенка Стела Максвел.

Во рекламата двајцата се голи, се тркалаат во кревет,  а Лиам рекол дека тоа не било пријатно искуство.

– Имаше тука многу текила. На крајот завршив погол отколку што очекував и таа исто. Таа исто така беше гола. Кога се соблече, си велев да не ја гледам. Стоеше гола зад мене, а јас си помислив: ‘Прави што сакаш Лиам, но немој да гледаш’ – раскажал за „GQ“.

View this post on Instagram

#HUGObodywear #HUGOxLiamPayne

A post shared by Liam Payne (@liampayne) on

На едната фотографија Лиам е потполно гол, додека стела е облечена само во гаќички и лежи меѓу неговите нозе.
Пејачот открил дека фотографиите нималку не ѝ се допаднале на неговата мајка.

– Се чувствував празно подоцна кога излегов да запалам цигара. Размислував за тоа дека практично снимив мек порно филм и дека мајка ми ќе ме убие. Ѝ покажав една жешка фотографија со Стела и не беше воодушевена. Само ја погледна и ме потегна за уво – раскажал Лиам.

Слични содржини