Еден од најнеобичните натпревари во овој регион, натпреварот во лажење, годинава се одржа по 12-ти пат во етно село Црна Гора, недалеку од Никшиќ, а шампионот Жарко Пејановиќ (38) од Подгорица ја освои наградата.
Лежеше од саботата, а задачата му беше да остане да лежи што подолго.
Пејановиќ за својот потфат освои 350 евра, рафтинг, викенд во етно село, ручек за двајца во ресторан во Подгорица и уште многу награди од спонзорите на настанот.
„Не беше тешко, верувајте, не се ни загревав“, изјавил тој. „Кога доаѓа друштво да ги поддржи конкурентите, тоа е забавно, но најголемата грешка е кога на некој ќе му дојде семејството. Тогаш е тешко е да не се стане“, објасни тој.
Да потсетиме, во големото финале на натпреварот за титулата „Најголем мрзливец“ покрај Жарко се натпреваруваше и Вук Кољеншиќ кој го освои второто место.