Пекевски: Граѓаните се целосно разочарани од понудата на политичките партии, тоа го покажаа на изборите

Гласаа само партиските членови и оние што мораа да гласаат заради поврзаност и зависност од партиите, вели Пекевски за „Локално“

од Бисера Трајковска
16 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Косово онлајн

Политичкиот аналитичар Синиша Пекевски за „Локално“ потенцира дека граѓаните се целосно разочарани од понудата на политичките партии, како и од нив целосно, и тоа јасно го покажаа на локалните избори.

Тој е на ставот дека на изборите гласаа само партиските членови и оние што мораа да гласаат заради поврзаност и зависност од партиите (вработувања, бизниси, тендери).

-Но, граѓаните јасно ставија до знаење што мислат и веќе е јасно каде се движи овој „брод“. На секои избори се помал ќе биде бројот на граѓани кои ќе гласаат. Пропаднатите избори во општините Гостивар и Центар Жупа кажува се, ама баш се. За Орце гласаа подржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и тоа се истите кои гласаа во првиот круг. Анализа дали ВЛЕН им дала поддршка или не, се гледа во бројките, додава Пекевски.

Тој е на ставот дека поддршката на Левица дополнително ќе расте, но потенцира дека нема да се позиционира како прва опозициска партија, туку допрва во опозиционскиот блок ќе има преструктуирање и очекува брзо да има нови субјекти кои ќе ја преземат таа улога.

Пекевски е на ставот дека СДСМ е условно веќе „мртва“ партија и на нив им треба сериозно преструктуирање, кое нема да се случи заради бизнис интереси.

Б.Т.

Слични содржини