220
Инвестицискиот договор меѓу Кина и Европската унија, кој сега е замрзнат, може да донесе заемни придобивки, но ЕУ донесе погрешна одлука кога воведе санкции кон Кина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.
Европскиот парламент во четвртокот ја прекина ратификацијата на договорот за инвестиции со Кина се додека Пекинг не ги укине сите санкции против политичарите од Европската унија, потсетува Ројтерс.
Санкциите на Пекинг беа одговор на санкциите на Западот против кинеските власти, кои се обвинети за масовни апсења на муслимански Ујгури во северозападна Кина.