Кина објави дека ги повикала европските амбасадори во Пекинг на разговори во знак на протест против изјавите на групата Г7 и Европската унија кои ги критикуваат вежбите на Кина во близина на Тајван.
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека заменик министерот Денг Ли дал „официјална изјава“ за, како што рече, „дрско мешање во внатрешните работи на Кина“, пренесе АП.
Кина испрати воени бродови и авиони, лансираше проектили во Тајванскиот теснец по посетата на американската висока функционерка Ненси Пелоси на Тајван.
Во меѓувреме, Кина го повика јапонскиот амбасадор во Пекинг поради учеството на Токио во „неточната“ изјава на Г7 за Тајван, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува „Ројтерс“.
Заменик министерот Денг Ли поднесе официјален протест до јапонскиот амбасадор во Кина.