Пекинг: Мешање на ЕУ и Јапонија во внатрешните работи на Кина

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Заедничката изјава на Европската унија (ЕУ) и Јапонија во која се споменува територијалниот спор меѓу Кина и Јапонија е обид за мешање во внатрешните работи на Кина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан.

„Јапонија и Европската унија на прес-конференција во Токио шпекулираа за прашања поврзани со Кина, клеветење и дискредитирање на нашата земја, мешање во нејзините внатрешни работи и предизвикување регионален конфликт“, рече портпаролот на редовната прес-конференција во Пекинг, пренесе „Ројтерс“.

Во соопштението објавено по средбата ЕУ-Јапонија во Токио се изразува загриженост за ситуацијата околу спорните острови во Источното Кинеско Море, познати како островите Сенкаку, кои се на територијата на Јапонија, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини