132
Кинеското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека односите меѓу Кина и ЕУ се развиваат брзо и сеопфатно.
Ова го соопшти кинеското министерство во пресрет на денешната средба меѓу претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и кинескиот претседател Си Џинпинг.
Фон дер Лејен ќе се сретне со Си на разговори кои би можеле да го одредат курсот за идните односи на Кина со ЕУ по долгогодишни затегнати врски, објави „Ројтерс“.