263
Главниот град на Кина, Пекинг го собори рекордот по бројот на часови во кои температурата била под нулата степени, бидејќи за време на студениот бран што зафати голем дел од земјата, измерени се повеќе од 300 часа со температура во минус.
Некои од рекордно ниските температури се измерени во северните и североисточните делови од земјава, а во некои области температурите се спуштија и до минус 40.
До недела, метеоролошката опсерваторија во Пекинг забележа повеќе од 300 часа под нулата, што е прв пат од 11 декември 1951 година, кога почнаа да се бележат температурни рекорди, пишува „Beijing Daily“.