233
Пекинг ја прогласи вакцинацијата против ковид-19 за задолжителен услов за жителите доколку сакаат пристап до многу јавни места, со што стана првиот град во Кина што го стори тоа во обид да го заузда високо заразниот вид омикрон.
Почнувајќи од 11 јули, луѓето кои сакаат да влезат во одредени јавни установи ќе мора да се вакцинираат против коронавирусот, освен ако не можат да ја примат вакцината од здравствени причини, соопшти градската управа, пренесува Си-Ен-Ен.
Вакцинацијата е побарана на ниво на цела Кина за работниците на високоризични позиции, како што се оние во јавниот транспорт, но не е воведена општа задолжителна вакцинација за сите жители.