Пеколно детство Шарлиз Терон: Татко ѝ пукал во неа, мајка ѝ го убила

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Холивудската актерка Шарлиз Терон имала многу тешко и трауматично детство. Таа пораснала на фарма во близина на Јоханесбург во Јужна Африка. Живеела со нејзината мајка Герда и таткото Чарлс.

Кога имала само 15 години ѝ се случила страшна ситуација за која актерката секогаш отворено зборува. Имено, нејзиниот татко бил алкохоличар. Еден ден се вратил дома толку пијан што започнал да пука кон Шарлиз и нејзината мајка.

„Ниту еден куршум не не погоди, што беше чудо. Но, во самоодбрана, таа стави крај на агонијата“, изјави таа за Националното јавно американско радио.

Таа го опишала нејзиниот татко како „многу болен човек“ и навела дека животот со алкохоличар бил прилично безнадежен.

Шарлиз детално ја опишала ситуацијата која ја одбележала до крајот на животот. Рекла дека татко ѝ бил толку пијан тој ден што не можел да стои, а во раката имал пиштол.

„Мајка ми и јас бевме потпрени на вратата во спалната соба, бидејќи тој ја туркаше. Двете се потпревме да не влезе внатре. Тој се врати чекор назад и пукаше три пати во вратата. Вистинско чудо е што ниеден куршум не не погоди. Таа во самоодбрана го застрела“, изјави актерката.

Иако денес отворено зборува за траумите од детството, тогаш се срамела од тоа.

„Тогаш се правев дека тоа не се случило, бидејќи не сакав да зборувам за тоа. Им кажував на луѓето дека татко ми загинал во сообраќајна несреќа. Кој би сакал да раскаже таква приказна. Никој не знае како да реагира кога ќе им кажеш дека татко ти бил алкохоличар кого мајка ти го убила. Не сакав да ме гледаат како жртва“, откри таа во една прилика.

Мајката на Шарлиз Терон била ослободена од обвиненијата бидејќи се докажало дека се работи за самоодбрана.

Слични содржини