ПЕКОЛОТ НА ЕВИА ПРОДОЛЖУВА: Жителите решени да ја продолжат борбата со огнот (ВИДЕО)

од Берта Китинска
252 прегледи

Жителите на Евиа се решени да ја продолжат борбата против пожарот и покрај повиците на властите за евакуација.

Моменталната состојба со пожарите е нешто подобра, бидејќи количината на чад над изгорените области е намалена, гаснењето од воздух е олеснето, јавува грчкиот јавен сервис ЕРТ.Од друга страна, загрижува ветерот што се засили. Другите фронтови на Пелопонез, исто така, би можеле повторно да се разгорат.

Во текот на ноќта, поради силниот ветар, пожарот се проширил меѓу селата Авгарија и Галатсон.

Пожарникарите веднаш започнаа со гаснење, додека пожарите избија во непристапни делови на територијата на селата Псаропули, Василика и Елиника.

Грчката влада одвои дополнителни средства од 500 милиони евра за реконструкција на шуми, населби и инфраструктура погодени од пожари, како и за помош на загрозените лица. Неколку лица веќе се осудени за подметнување пожар – од условна казна до пет години затвор .

Слични содржини