Пелагониските сточари најавија протест пред Влада

од Andreja Salpe
352 прегледи

Пелагониските сточари денеска најавија протест пред Владата доколку до 1 мај не им бидат исплатени субвенциите за 2020 година.

„Затоа што крајниот рок наближува, а кај нас има големи проблеми, доаѓа сеидба, ѓубривата нагоре, нафтата оди секој ден нагоре, краен рок министерството да преземи мерки да се исплатат барем дел од субвенции“, вели Тони Алчевски, претседател на здружението Пелагониско поле Могила 

„После први ако не бидат исплатени, ќе одиме да блокираме пред Влада. Тие јадат и пијат, а нашите субвенции стојат околу 20 месеци, вели Борче Бучински“.

„Поминаа и сите лаги досега што ги кажуваа , петти месец сме, средбата почна а пари нема. Како да преживееме ние сточарите 365 дена не знам. Треба да се свести владата дека овие луѓе храна произведуваат“, вели Тони Петковски.

Од Министерството за земјоделие велат дека согласно календарот, исплата на субвенциите ќе се изврши најдоцна до крајот на јуни

Слични содржини