245
Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси денеска изјави дека нејзината неодамнешна посета на Тајван била апсолутно корисна и додаде дека САД не можат да дозволат Кина да го изолира островот.
„Не можеме да дозволиме кинеската влада да го изолира Тајван“, рече Пелоси во интервју за NBC, а пренесе „Ројтерс“.
Претседателката на Претставничкиот дом на САД истакна дека кинеската влада нема да диктира кој може да оди во Тајван.