Околу 3,5 милиони долари беа потрошени за свадбата на Никола Пелц и најстариот син Дејвид и Викторија Бекам. Одржувањето раскошна венчавка и трошењето милиони долари во овие моменти, кога многумина немаат што да јадат, а во исто време не престанува руската инвазија на Украина, им пречеше на многумина, кои решија да го споделат своето мислење на социјалните мрежи, верувајќи дека тие пари можеле да се потрошат многу подобро.
Не им требаше многу време на младенците да се огласат на оваа тема и да им ја затворат устата на сите.
Имено, на венчавката тие побарале од сите присутни наместо пари во плико и други подароци да ги уплатат во отворен фонд за помош на Украина.
„Татко ми веќе зборуваше на оваа тема во својот говор на мојата свадба. Бруклин и јас сме уништени од сето она што се случува во Украина и затоа не прифативме подароци на свадбата, туку им наложивме на сите гости да донираат на линкот што ви го приложувам“, објасни 27-годишната Никола.
Инаку, таткото на Никол е американски милијардер со еврејско потекло. Тој е многу моќен бизнисмен и мудро инвестираше и ја прошири својата деловна империја низ годините. Денес, неговата вредност се проценува на 2,3 милијарди долари. Нелсон е претседател на американскиот синџир за брза храна The Wendy’s Company и член на одборот на американскиот гигант за дистрибуција на храна Sysco.
Тој има инвестирано и во компании како што се Heinz, Domino’s Pizza, Tiffany & Co. и компанијата за пијалоци Snapple.