458
„Кризната состојба на целата територија на Северна Македонија во траење од 30 дена, што на предлог на Советот за безбедност вчера ја прогласи Владата, и овозможи на Армијата да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи“, напиша денеска на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски.
Според менаџирањето со кризи, Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедувањето на стратешките објекти, болници, но и во обезбедувањето на магацини со лекови и друга заштитна медицинска опрема, потенцираше Пендарвоски и додаде:
„Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата на #КОВИД19 и се крајно исцрпени“,стои во неговиот фејсбук статус.