Претседателот на државата Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа на Тв24 истакна дека студентите од 1991 со право се бунат за улосвите под кои студираат иако постои позадина и посуштенски проблем, а тоа е квалитетот на образованието. Или колку ќе најдат работа според образованието на нашиот пазар.
– Ова што го гледам еден од предводниците на последните протести имаше коректна реченица, не би сакале да видиме политичари меѓу нас. Најдобриот начин да убиеш еден протес е политички да го обоиш. Сме имале и партиски и етнички. Во овој момент треба и власта и опозицијата да се најдат зошто гледаме дека и двете страни имаат предлози како да им излезат во пресрет на барањата на студентите и најдобро е тоа да го договорат во Парламентот. Има основа за таквите барања, рече Пендаровски.