Пендаровски на средба со Ламорџезе – се заблагодари за поддршката на Италија во евроинтегративниот процес

од Берта Китинска
246 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Лучана Ламорџезе, министерка за внатрешни работи на Италијанската Република, која престојува во посета на Република Северна Македонија по повод учеството на 22. состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа.

На средбата е изразено задоволство од традиционално добрите и пријателски билатерални односи, со активен политички дијалог на високо и на највисоко ниво.

Пендаровски ја поздрави одличната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи, и изрази очекување за нејзино натамошно интензивирање преку заеднички обуки, курсеви и размена на искуства, особено во областа на борбата против организираниот криминал и корупцијата на високо ниво, како и борбата против нелегалната миграција.

Во контекст на аспирациите на нашата држава за членство во Европската Унија, претседателот се заблагодарил за силната, гласна и постојана поддршка од Италија за евроинтегративниот процес и изрази надеж дека напорите на Република Северна Македонија ќе бидат соодветно препознаени со отворање на пристапните преговори за членство.

Претседателот Пендаровски изразил благодарност и за најавената донација од Италија на 256.000 дози од вакцината Фајзер/БиоНТек преку механизмот КОВАКС во текот на декември.

Слични содржини