Пендаровски на средба со претставниците на проектот „Млади менаџери и бизнис лидери“

178 прегледи

Денес претседателот на С.Македонија, Стево Пендаровски, оствари средба со раководствата на компаниите учесници во проектот „Млади менаџери и бизнис лидери“ кој е поддржат од Советот на странски инвеститори.

Од Кабинетот на претседателот, информираат дека ваквата програма ќе им овозможи на младите луѓе да стекнат конкурентни вештини и знаења кои што ќе ги одведат во нови професионални предизвици,.

Исто така, претседателот Пендаровски на средбата ја потврди поддршката за овој и за сите следни заеднички проекти коишто ќе придонесат за доусовршување на младите луѓе и коишто ќе ги мотивираат да останат во нашата земја.

„Покажавте висока свест и солидарност. Во најтешката година за бизнисот досега, покажувате и повисок степен на општествена одговорност. Особено, вредна за почит е Вашата одлука во овие особено тешки услови за работење и егзистирање, во своите компании да примите млади луѓе. Програмата е одлична можност за професионален нaпредок на секој амбициозен, млад човек“, истакна Пендаровски на претставниците на овој проект.

За потсетување, инаку, во овој проект се вклучени 8 компании – членки на Советот на странски инвеститори: ЕВН Македонија АД, Комфи Ангел, Ван Хоол Македонија, Кемет Електроникс Македонија, ЕОС Матрикс Македонија, Филип Морис ТКП, Рамстор Македонија и Макстил АД Скопје. Менаџерите на компаниите на денешната средба посочија дека преку проектот ќе се откријат талентирани млади луѓе, на коишто компаниите ќе им пренесат нови знаења.

„Фактот што интересот на компаниите е голем покажува дека програмата досега ја постигнува својата цел. На младите луѓе им даваме многу повеќе од пракса. Го зајакнуваме нивниот потенцијал и го зголемуваме најнеопходниот ресурс во земјата – човечкиот“, потенцираа на средбата претставниците на Советот за странски инвеститори.

Преку воспоставената соработка меѓу Кабинетот на претседателот и Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, 20 млади луѓе ќе учествуваат на обуки за стратешко планирање и лидерски вештини, а ќе имаат можност и да посетат различни сектори во рамки на компаниите коишто ги селектирал избраниот кандидат.

Слични содржини