Најмалку тројца членови од сегашниот состав на ДИК се под кривичен прогон на Специјалното јавно обвинителство. Тие што се под прогон на СЈО сега поднесуваат кривични пријави против јавните обвинители, кои со месеци беа опструирани и сатанизирани. Како може да се говори за избори на 24 апри? Ние на избори, само заради избори, нема да одиме“, дециден е Стево Пендароски, претседателски кандидат на СДСМ на претходните избори, кој денеска беше во Охрид.

-Нема-услови-за-фер-и-демократски-избори-на-24-ти-април

Република Македонија, вели Пендаровски, ни случајно не смее да си дозволи таков луксуз да оди на избори на 24 април затоа што не се обезбедени ниту елементарните услови за фер соочување.

Пендароски, сепак, во наредниве неколку денови очекува да се случат решенија од особена важност за иднината на Република Македонија.

– Законската рамка за медиумите ја немаме ниту по осум месеци од договорениот рок. Избирачкиот список не е ниту почнато да се прочистува. Ако некој сака да оди на избори без да се создадат минимални претпоставки за рамноправен медиумски третман, тоа е негов проблем. За СДСМ е тоа неприфатливо – додава Пендаровски.

МЕТА

Слични содржини