Пендаровски: Случајот со Онишченко е голем удар за кредибилитетот на АНБ

од Destan Jonuzi
127 прегледи

Претседателот на државата Стево Пендаровски во емисијата 24 анализа на Тв24 во врска со државјанството на украинецот Олександр Онишченко ставен на црната листа на САД, рече дека станува збор за сериозен удар врз кредибилитетот на една земја членка на НАТО во очите на другите сојузници.

– Станува збор за човек чија биографија ја знаеме кој е на црната листа, но е поврзан со други индивидуи и груи и не е поврзан само со изборите за претседател во Америка во 2016. Има четири сектори во рамките на АНБ. Владата на крајот носи позитивна одлука. Треба да се сконцентрираме на интерната истрага во АНБ. Четвртиот сектор во АНБ е за соработка со странски служби кои се наши партнери во НАТО. Ако е точно тоа што го знам, вклучително и овој сектор, тоа е голем удар за кредибилитетот на АНБ. Мора да ја извлечеме одговорност за овој случај. Ако човекот се мешал во нивните избори, со кои очи ќе ги погледнеме Американците. Нема да не гледаат со исти очи. Имаше и реакција од Америка како е можно ова да се случи? – рече Пендаровски.

Слични содржини