354
За денес по барање на претседателот, Стево Пендаровски ќе се оддржи седница на Советот за безбедност на С.Македонија.
Во кабинетот на претседателот ќе се оддржи седницата, а покрај постојаните членови на Советот, на оваа седница според најавите ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу и директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски.
Единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период, соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски.