321
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски попладнево е во посета на село Слоештица, Демир Хисар.
-Посета на спомен-куќата на големиот македонски писател Петре М. Андреевски , која е во завршна фаза на уредување и ќе биде сместена во идниот Мултифункционален центар во неговото родно село Слоештица. Лице в лице ме запознаа со тековните работи на објектот. Покрај дела од писателот Андреевски, во спомен-собата планирано е да бидат изложени и негови лични предмети кои ги подари неговото семејство, објави Пендаровски на Фејсбук.