Пентагон: Борците на Вагнер повеќе не учествуваат значително во борбите во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на Пентагон, генерал Патрик Рајдер, изјави дека „платениците на Вагнер веќе не учествуваат во воените операции во Украина во значителен обем“, две недели откако воената група се побуни во Русија, објави „Ројтерс“.

„Во овој момент, не гледаме дека силите на Вагнер значително учествуваат во борбените операции во Украина“, додаде Рајдер.

Вагнеровите борци водеа некои од најжестоките и најопасните битки за време на руската инвазија на Украина, но по бунтот на 24 јуни, пишува „Ројтерс“, Москва им даде на војниците на „Вагнер“ опција да ја напуштат земјата, да се приклучат на редовната војска или да си одат дома.

Руското министерство за одбрана во средата објави дека се завршува предавањето на оружјето на „Вагнер“ на руските вооружени сили, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини