Инженерскиот корпус на Армијата на САД има намера да ги проучи можностите на потенцијалните изведувачи во рамките на проектот за изградба на воени објекти во 20 земји на Блискиот исток и Централна Азија, се наведува во документот во кој „РТ“ имал увид.
Според документот, изведувачите ќе се занимаваат со дизајнирање на проекти: аеродроми и придружна инфраструктура, електрани, мрежи за водоснабдување и слично.
Покрај тоа, тие ќе обезбедат професионална поддршка во сите фази на работа, вклучително и инженери и архитекти.
За реализација на проектот се издвоени 240 милиони долари. Договорот со изведувачите ќе биде склучен на пет години.
Министерството за одбрана на САД има намера да изгради нови објекти во 20 земји на Блискиот исток и Централна Азија, вклучувајќи ги Казахстан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан, се наведува во документот.