256
Пентагон ги демантираше тврдењата на Русија дека од почетокот на конфликтот во Украина, руската војска уништила шест американски ракетни системи ХИМАРС.
Во извештајот на агенцијата „Интефакс“ се наведува дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно изјавил дека Русија ги уништила системите ХИМАРС, пренесува „Ројтерс“.
„Свесни сме за овие последни тврдења на министерот Шојгу и тие повторно се очигледно лажни. Украинците користат уништувачка прецизност и ефикасност на напредните ракетни системи што им ги дадоа САД“, изјави Тод Брисил, вршител на должноста портпарол на Пентагон.