Пентагон не верува дека Путин ја донел конечната одлука за Украина

од Берта Китинска
284 прегледи

Портпаролот на американското Министерство за одбрана (Пентагон) Џон Кирби изјави дека Русија распоредила „дополнителни воени сили“ долж границата со Украина, но дека тие сè уште не веруваат дека рускиот претседател Владимир Путин ја донел конечната одлука за инвазијата.

Кирби рече дека Русија дури го зголемила своето воено присуство во областите во близина на украинската граница и во Белорусија во последните 24 часа.

Наведувајќи дека има активности и на југ, Кирби истакна дека Русија спровела некои вежби во Црното Море со својата морнарица.

Тој посочи дека се уште има простор за дипломатија.

„Сè уште не веруваме дека е донесена конечната одлука (за инвазијата)“, нагласи Кирби.

Сепак, портпаролот рече дека различни институции постојано најавувале дека нападот сепак може да започне секој ден без никакво предупредување.

„Слушнавте дека советникот за национална безбедност Џејк Саливан минатата недела јасно кажа дека нападот може да започне пред да завршат Олимпијадата. Можеби и оваа недела. Ги споделуваме информациите што ги имаме со нашите сојузници, вклучително и Украина“, додаде Кирби.

Слични содржини