Пентагон објави нова листа на компании кои соработуваат со кинеската армија

од Radmila Tasevska
214 прегледи

Американското Министерство за одбрана го ажурираше списокот на компании за кои тврди дека соработуваат со кинеската армија.

На новата листа објавена на веб-страницата на Пентагон се додадени повеќе од десет компании, вклучувајќи ги производителите на чипови „ИМТЦ“ (YMTC), компанијата за вештачка интелигенција „Мегви“ (Megvii) и технолошката компанија „НетПоса“ (NetPosa).

На листата се компании кои работат во САД и соработувале со кинеската армија. На Пентагон му е забрането да потпишува какви било договори со овие компании.

Во американските медиуми се наведува дека овие компании, кои Министерството за финансии во следната фаза би можело да ги стави на листата на санкции, би можеле да претрпат губење на угледот и кредибилитетот.

Слични содржини