218
Околу 5.400 луѓе кои се засолниле во базата на аеродромот во Кабул се уште чекаат евакуација од Авганистан, изјави американскиот генерал Хенк Тејлор.
„Имаме можност да вклучиме некои луѓе на американски воени летови кои го напуштаат Авганистан до последен момент“, им рече Тејлор на новинарите во Министерството за одбрана на САД, бидејќи се ближи 31 август, датумот на целосно повлекување на американските сили од Авганистан.
Мисијата за евакуација продолжува да се соочува со „веродостојни закани“, изјави пред новинарите портпаролот на Пентагон, Џон Кирби.
„Веруваме дека се уште има конкретни и веродостојни закани“, рече Кирби.