„САД не виделе никакви докази дека Русија би можела да употреби хемиско оружје во Украина“, изјави портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
„Во моментов немаме конкретни индикации за да можам да зборувам за тоа, но тоа е нешто за што сме загрижени“, рече Кирби, коментирајќи ги извештаите на Запад дека Русија може да планира употреба на хемиско оружје за време на инвазијата во Украина..
Зборувајќи за нуклеарното оружје, Кирби изјави дека Русија не создала нови закани за САД.
„Можам само да кажам дека во овој момент не забележавме ништо што би ни дало повод или причина да ја промениме нашата стратегија за нуклеарно одвраќање“, изјави претставник на Пентагон.
Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, во средата изјави дека некои изјави на американски официјални претставници „сведочат за сериозна загриженост во Белата куќа за откривање на вистината за работата на воено-биолошките програми финансирани од САД во близина на границите на Руската Федерација“.