Пентагон го предупреди американскиот Конгрес дека му снемува пари за замена на оружјето што САД го испратија во Украина и дека е принуден да го забави снабдувањето на некои трупи за да ги заштити од „неизвесна иднина“.
„Неуспехот навремено да ги надополниме нашите воени резерви може да ѝ наштети на подготвеноста на нашата војска“, се вели во писмото до конгресните лидери до кои АП имал увид.
Во писмото се наведува дека без дополнителни пари, САД ќе мора да ги одложат замените или да ги намалат капацитетите во воздушната одбрана, муницијата и беспилотните летала.