Пензионер каснат од поскок додека миел раце во двор

од Nikola Popovski
1,9K прегледи

Понеделникот навечер жител на велешкото село Бањица бил каснат од змија. Според неговото кажување тоа било поскок. Настанот се случил околу 20:50 часот кога отишол да се измие во чешмата од семејниот двор.

Неговото семејство во интерес на времето веднаш со автомобил тргнале кон велешката болница и притоа се јавиле во Службата за итна помош.

Од Велешката општа болница информираат пациентот е надвор од животна опасност.

Ова е трето каснување од змија за десет дена во велешко. На 28-ми јуни, двајца велешани во село Војница била каснати од змии кога го копале лозјето и наишле на змиско гнездо, по што на настраданите од лекарски екипи на Итна помош веднаш им била укажана прва помош со змиски противотров и потоа исто така биле донесени во Велешката болница.

Од Службата за итна медицинска помош која е во склоп на ЈЗУ Здравствен дом Велес, информираат дека деновиве по трошење на дозите биле снабдени со интервентни  дополнителни дози на змиски противотров или антивиперинум.

Слични содржини