Пензионер од Турција пронајден починат во угостителски објект на Бит Пазар

од Nikola Popovski
219 прегледи

Турски државјанин пронајдено починат во угостителски објект на Бит Пазар, соопштија од МВР.

Во текот на вчерашниот ден во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат А.Ч.(79) од Република Турција.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од МВР.

Слични содржини