Пензионерка по трет пат за три години освоила 50.000 долари на грепки

од Nikola Popovski
366 прегледи

Пензионерка (61) од американската сојузна држава Мериленд по трет пат во последните три години добила на лото.

Таа неодамна купила две грепки од пет долари. Втората што ја „изгребала“ѝ донела голема награда од 50.000 долари.

Неверојатно е дека жената по трет пат освоила иста сума на пари со грепка купена во иста продавница, изјавиле официјалните лица на лотаријата во Мериленд.

Таа имала среќа за прв пат играјќи „Bonus Cash“ во август 2018 година, а во октомври истата година освоила уште 50.000, играјќи „Cash Craze Doubler“.

„Бев шокирана, едноставно не можев да поверувам дека тоа ми се случува повторно“, им кажала на претставниците на лотаријата.

Откако првичниот шок малку стивна, среќната добитничка се јавила на својата најдобра пријателка со која ја споделила веста.

„Ретко е да се добие поголема сума пари на лотарија, а камоли три пати… Луѓето играат секој ден, а ништо не добиваат“, им кажала добитничката на вработените во лотаријата и открила дека парите ќе ги искористи за да го реновира својот дом.

Слични содржини