Пенелопе Џексон, 66-годишна пензионерка од Велика Британија, ладнокрвно го убила сопругот и смирено чекала полицијата да ја приведе. „Мислев да го прободам директно во срцето, но го нема“, им рекла на полицајците кога им се јавила за да го пријави убиството од небрежност.
Британската полиција добила необичен повик кога Пенелопе се пријавила за убиството на нејзиниот сопруг Дејвид. Откако диспечерот праша што се случило, таа кажа сѐ и не штеделѐ детали.
„Го убив сопругот затоа што ми беше доста. Можеби ќе одам и ќе го прободам повторно. Јас сум во ходникот, тој во кујната и ако имам среќа ќе искрвави до смрт“.
Според Пенелопе, таа со децении преживувала злоупотреба и тортура. Нејзиниот сопруг бил крајно насилен кон неа, до тој степен што таа повеќе не сакала да живее со „ѓаволот“.
„Не знаев дали се будам со убавиот Дејвид или со ѓаволот. Поминав години шетајќи по јајца за да не го вознемирувам. Сега дојде крајот“, рекла Пенелопе за време на сослушувањето.
Пенелопе седела во дневната соба со пижами додека нејзиниот сопруг крварел до смрт во кујната. Кога полицијата се појавила пред нејзината врата, ладнокрвно ги пуштила да влезат.
Таа на полицијата ѝ ги кажала сите детали за убиството, што веднаш го признала, истакнувајќи – „Требаше да го направам тоа порано“.
„Внатре е, признавам се. Тој е на подот во кујната“, ѝ рекла таа во полиција.
За време на самото апсење, таа била повеќе загрижена случајно да не го заборави палтото и влечките.
Како што истакна таа, тој често и се заканувал и ја малтретирал. Поради тоа, таа не направила ништо за да му помогне додека крвареше во кујната. Сега и се заканува затворска казна од неколку децении, но судот ќе го прифати фактот дека таа го признала делото. Ако се утврди дека навистина била злоупотребена, тоа е уште една олеснителна околност.