Пензионерката која го “пееше” Ковачевски е активистка на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од видеа каде загрижена пенизонерка го пресретна премиерот Димитар Ковачевски во маркет каде му се пожали на високите цени и ниските плати, пишува 24 инфо.

Малку време беше потребно медиумите да откријат дека „загрижената“ пензионерка е всушност активистка на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за скопјанката Ацка Станишева чиј профил на Фејсбук изобилува со фотогафии каде таа е сликана на партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ, но и на протестите против Францускиот предлог кои се одржуваа во јули.

Дека очиглено станува збор за режиран и однапред планиран настан, доказ се и масовните објави на Твитер од корисници блиски до ВМРО-ДПМНЕ кои десеттина минути по објавата на видеото оркестрирано споделуваа објави со „храбрата пензионерка која му се спротивставила“ на премиерот.

Очигледно дека дејствувањето на политичките партии во периодов влегува во нова димензија, па може да се очекуваат и нови вакви појави во иднина.

Слични содржини