People’s Choice: Џеј Ло икона за 2020 година

од Stefanija Kuzmanovska
418 прегледи

Синоќа се одржа 46-та церемонија на доделувањето на People’s Choice наградите. Публиката ја изгласа пејачката и актерка Џенифер Лопез на гласање преку Интернет за икона за 2020 година.

Џенифер одржа емотивен говор за време на кој плачеше.

„2020 година не беше шега, нели? Мислам пред 2020 година бевме опсесивни околу освојувањето на оваа награда или номинација, но не оваа година. Оваа година ни покажа што е важно, а што не. Луѓе, сите сме заедно во ова. Да си помагаме, да се сакаме, да бидеме љубезни едни кон други. И ја сфатив важноста на таа врска, тој човечки допир. Сфатив дека се стремам кон тоа во сè што правам“, рече Џеј Ло во својот говор.

Како и доделувањето на музичките награди „MTV Europe Music Awards“, наградите „People’s Choice“ се одржаа пред виртуелна публика во Калифорнија.

Актерката Треси Елис Рос ја доби наградата за модна икона и ги повика гледачите да останат политички активни во нејзиниот говор.

Лопез одржа емотивен говор за време на доделувањето на наградата „People’s Choice“, а во еден момент заплаче. Таа рече дека нејзините соништа да биде sвезда изнервирале некои луѓе околу неа.

„Како Латиноамериканка и како жена, на моменти мора да работиме двојно повеќе за да добиеме шанса“, рече Лопез.

Џастин Бибер и Лејди Гага имаа по седум номинации.

Водителката на ток-шоуто Елен Деџенерис им се заблагодари на обожавателите што биле со неа по обвинувањата за непријателско работно опкружување на снимањето на „Ellen DeGeneres Show“.

Слични содржини