Пеп во пресрет на дуелот со Реал Мадрид се пожали од едно нешто

од Симе Стоиков

Реал Мадрид и Манчестер Сити утре од 21 часот го играат првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тренерот на „Граѓаните“ Пеп Гвардиола не беше задоволен од кадровската ситуација.

Англискиот клуб не пристигна комплетен во Мадрид, а на тимот ќе му недостасуваат многу важни играчи, особено во дефанзивниот дел од тимот на Манчестер Сити:

„Стигнавме без Вокер и Аке. Двајцата се надвор од терените поради повреда, но мораме да се адаптираме и да играме со играчите кои ги имаме на располагање. Дефинитивно и двајцата би ни помогнале, особено Кајл, кој мислам дека е идеален кога е во прашање чувањето на Винисиус, но таква е ситуацијата и мораме да ја прифатиме“, изјави Гвардиола.

Во шпанската престолнина Ровит пристигна уште еден дефанзивец, но има надеж дека ќе биде подготвен за утрешната пресметка:

„Јошко Гвардиол се уште е под знак прашалник. Тој пристигна со нас, но се уште не знаеме дали ќе може да игра“, кратко ја прокоментира можноста Гвардиол да игра утре.

Слични содржини