Бендот Ред Хот Чили Пеперс објави на својот Инстаграм профил дека Џон Фрушанте, по 10 години, повторно ќе стане гитарист на оваа група, пренесуваат светските медиуми.
https://www.instagram.com/p/B6G0L3OHVe8/?utm_source=ig_embed
Овој гитарист ја напушти групата пред 2008 година, а на негово место дојде Џош Килингхофер.
Бендот на својот Инстаграм профил во неделата навечер соопшти дека Фрушанте е враќа на своето старо „работно место“, како и дека Килингхофер веќе нема да свири со нив.
„Ред Хот Чили Пеперс објавуваат дека се простуваат со гитаристот кој десет години свиреше со нас, Џош Килионгхофер. Џош е прекрасен музичар кого го почитуваме и го сакаме. Длабоко сме благодарни за времето кое го поминавме со него и за бескрајната дарежливост која ја сподели со нас. Исто така, објавуваме со голема возбуда и полно срце, дека Џон Фрушанте се враќа во групата“, наведоа Пеперси.