Red Hot Chili Peppers го објавија првиот сингл од нивниот нов албум кој го подготвуваат за април. Песната се вика „Black Summer“.
Албумот на RHCP заедно со гитаристот Џон Фрушанте е најавен за 1 април и ќе го носи името „Unlimited Love“.
Зад продукциската палка стои искусниот Рик Рубин, кој ги потпиша сите 17 песни на албумот.
„Нашата единствена цел е да се изгубиме во музиката. Поминавме илјадници часови, колективно и индивидуално, исполнувајќи го нашиот занает и докажувајќи се еден на друг, да го направиме најдобриот албум што можеме. Сакаме да го осветлиме светот, да го подигнеме, да се поврземе и да ги зближиме луѓето. Секоја од песните на нашиот нов албум „Unlimited Love“ е наш аспект, кој го одразува нашиот поглед на универзумот“, се вели во соопштението на бендот.
RHCP оваа година тргнува на голема светска турнеја.