Перез предупреден од Ред Бул

од Vladimir Zorba

Неочекувано, Серхио Перез доби предупредување од својот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер дека може да го загуби местото во тимот доколку не настапува на нивото. Интересно, ова предупредување доаѓа веднаш откако Мексиканецот потпиша нов 2-годишен договор со „биковите“. Хорнер потврди дека на тимот му е потребен силен настап на Перез против неговиот тимски колега Макс Верстапен.

Но, новиот договор на Серхио негативно ќе влијае на сите штитеници на Ред Бул кои се надеваат на место во првиот тим, а Хорнер призна дека бил свесен за ефектот.

„Со оглед на новиот договор на Серхио, тоа значи дека ова место е недостапно за другите, освен ако поради некоја причина тој не почне да вози слабо, што е крајно непријатно за Пјер Гасли и Алекс Албон“, објасни Хорнер.

Шефот на Ред Бул додаде дека иако тимот не може да гарантира место за помладите возачи во првиот тим, компанијата ќе направи се што е можно да ги задржи овие возачи во спортот.

„Ќе се обидеме да им помогнеме да продолжат да го развиваат својот талент. Серхио нема да се подмлади, сега има 32 години и ова е можеби последниот договор што го потпишува“, додаде Хорнер.

Со одлуката за продолжување на договорот на Перез, Ред Бул речиси сигурно ќе го загуби Пјер Гасли, кој ќе вози во Алфа Таури до крајот на 2023 година, а интерес за Французинот има од неколку екипи. Многу е веројатно дека и Алекс Албон ќе бара реализација надвор од доменот на Ред Бул во следните големи преместувања на возачи во Формула 1.

Слични содржини