Перформанс за одбележување на Меѓународниот ден против насилствтото врз сексуалните работници

344 прегледи

Тричасовен уметнички перформанс со почеток во 18 часа е организиран од страна на Здружението за поддршка на маргинализирани работници, Стар Стар, а истиот ќе се пренесува во живот на фејсбук страницата на СТАР Прв колектив на сексуални работници на Балканот и на партнерите кои го организираат ХОПС, односно Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата Маргини.

„Уметнички перформанс на пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот и се будел со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички“, информираше Стар Стар.

Инаку, перформансот е во рамки на второто издание на „Skopje Red Light District 2020“ и всушност Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници.

„Сексуалната работа во нашето општество е заградена со непробоен ѕид од предрасуди. (И)легалниот статус, потешкиот пристап до здравствените услуги, големата изложеност на насилство и етикетирањето се причината да ги губиме основните човекови права. Секојдневно сме изложени на насилство не само од своите клиенти, туку и од органите на безбедноста што би требало да не заштитат“, велат организаторите, притоа потенцирајќи дека голем дел од проблемите со кои се соочуваат сексуалните работници се должат на криминализацијата, рестриктивните закони, регулативи и практики.

Слични содржини