Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

од Milan1
24 прегледи

Чест ми е што фигурира моето име. Почестен сум, иако моите обврски и енергија во моментот се насочени кон извршуавње на министерската функција за којашто сум платен. Никој нема право да го монополизира изборот. Инаку, јас лично сум заинтересиран, но за тоа ќе одлучи партијата и граѓаните, вели во интервјуто за ТВ „Алсат“ Златко Перински, министер за локална самоуправа, на прашањето дали има амбиција да стане градоначалник на Град Скопје.

Тој се осврна и на состојбата во јавниот превоз во Скопје и на работата на актуелната градоначалничка Данела Арсовска.

„Состојба во јавниот превоз е крах, а не криза. Јавниот превоз е актуелна тема не само деновиве, туку во изминативе неколку години. Градоначалничката и раководството треба да се освестат час поскоро. Проблемите само се надополнуваат, а не се решаваат. Ни треба системско решение. И проблемот не е само ЈСП. Не е проблемот на една основа, тој е на сите основи. Влегуваме во зимските месеци, знаме дека ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег кој допрва доаѓа.

– Скопје во моментов се бори за живот, очајно му треба инфузија, а потоа терапија. Треба јасна визија, долгорочен план за раст и развој на градот. Владината интервентна мерка за јавниот превоз е мерка за крахиран систем. Тоа е само за лекување на рани. Немаме функционален систем, на Скопје му е потребна долгорочна стратегија за раст и развој, рече Перински.

Слични содржини