6
Американскиот стартап Perplexity понуди 34,5 милијарди долари за прелистувачот Chrome на Google, во случај американскиот суд да наложи негова продажба поради антимонополска постапка против Google.
Perplexity, основан во 2022 година и моментално проценет на 18 милијарди долари, разви пребарувач базиран на вештачка интелигенција кој дава концизни одговори со цитати од извори.
Компанијата тврди дека купувањето на Chrome би послужило за јавниот интерес со тоа што би го ставило под закрила на независен оператор, објавува Ројтерс.