Перу: Педро Кастиљо назначен за нов претседател

од Stefanija Kuzmanovska
319 прегледи

Педро Кастиљо беше назначен за нов претседател на Перу, неколку недели откако тој тесно победи во оспорениот втор круг на изборите.

Државното изборно тело ја објави пресудата откако ги разгледа наводите за изборна измама од неговиот десен ривал Кеико Фуџимори.

Кастиљо, 51-годишен поранешен учител и лидер на синдикатот, доби нешто повеќе од 50 проценти од гласовите и ќе положи заклетва како нов претседател на Перу на 28 јули.