Пешевска: Слободата не се подарува, се освојува – Нека ни е честит 13ти Ноември

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Денес одбележуваме 78 години од ослободувањето на Градот Скопје, и ден кога имаме низа манифестации низ градот, ние од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ одлучивме да направиме еден настан под мотото „Слободата не се подарува, се освојува“, истакна Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Така да на овој ден во 1944 година, 426 луѓе го положиле својот живот во Народно ослободителната борба против фашизмот, луѓе која што ги водела една идеја и една мисла велат срцата им биеле како едно, со една мисла за слободно Скопје. Денеска на овој настан ќе ги спомнеме сите 426 имиња на луѓето кои го положиле својот живот и загинале, за ние да живееме слободно во Скопје. Ќе одадеме почит со положување на свежо цвеќе и делење на цвеќе низ случајни минувачи како што тоа се случувало всушност кога парадирале откако го ослободиле Скопје. Сакам да напоменам дека околу 500тини луѓе кои учествувале во таа Народно ослободителна борба и го ослободиле Скопје, учествувале околу 100тина жени од кои што 8 загинале и читајќи ги сеќавањата на тие жени кои што учествувале, во сеќавање ми остана еден впечаток на една жена која што учествувала во Народно ослободителната борба за ослободување на Град Скопје која се вика Пенка Кралевска во 2015та некаде имаше една статија во која што објаснуваше дека се чувствувала како најгордата скопјанка бидејќи токму таа го ставила знамето кога го ослободуваат Скопје на врвот на Офицерскиот дом. Тие имале причина да бидат горди. За жал ние сме сведоци дека сега на Република Македонија ова што се случува е токму погазување на нивната жртва и непочитување кон нив“, вели Пешевска.

Таа додава дека она што се случува сега во Собранието каде законот за здруженија и фондации изгласан со 83 пратеници, донесен со мнозинство пратеници во кои што учествуваа и гласаа пратеници од парламентарното мнозинство од власта за да сега, Бујар Османи се дрзне и да кажува дека ќе го даде на Венецијанска комисија. Сакам да испратам порака дека ние не се плашиме од мислењето на Венецијанска комисија, но сакам да го потсетам дека кога Собранието носи со мнозинство гласови тоа треба да го спроведува владата без приговор.

„Ние се сеќаваме во минатото кога имаше закони кои што има забелешки од Венецијанската комисија за закони кои што ним им одговараа, тие забелешки од Венецијанската комисија во тоа време не им беа важни. Тоа се тие двојни аршини на оваа власт, па ќе правел списоци кои празници ќе сме ги славеле заедно со Бугарија, наместо да одговори на онаа брутална реторика која што ја има Бугарија кон нас. како министер за надворешни работи вели дека ќе правел списоци, како да си прави списоци или да си бира слава која што ќе ја слави дома. Сакам да упатам порака од овој настан денеска до власта кои што се марионетски квазиполитичари да го слушаат гласот на народот. А гласот на народот е, слобода. До народот сакам да пратам порака за обединување. Нека ни е честит 13ти Ноември“, заклучи Пешевска.

Слични содржини