420
Министри од претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски и Кирил Миновски ќе станат дел од советодавниот тим „За татковината со љубов“ на вицепремиерот Фатмир Битиќи.
Се работи за поранешните вице-премиер и министер за финансии во владите на Никола Груевски.
Веста беше потврдена од вицепремиерот Битиќи на „Топ Тема“ на телевизија „Телма“, кој иако одбегна директно да одговори на прашањето, изјави дека „може да каже дека и тие двајца си ја сакаат татковината“ .
„За татковината со љубов“ е неформално советодавно тело иницирано токму од Битиќи, а неговата цел треба да биде поголема вклученост на експертската јавност и професионалците од сите економски сфери во носењето државни политики и придонес за економски развој на земјата.