Песков: Американскиот „Патриот“ ќе биде легитимна цел во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска најави дека американските ракетни противвоздушни одбранбени системи „Патриот“ ќе бидат легитимна цел на руските сили, доколку САД го достават тоа оружје како дел од воената помош за Киев.

Песков рече дека „Патриотите“ дефинитивно ќе бидат цел на Русија, но нема да ги коментира непотврдените медиумски извештаи за испраќање на тоа оружје, пренесе ТАСС.

Портпаролот на Кремљ додаде дека Москва не добила ниту еден предлог за примирје од Киев за време на новогодишните и божиќните празници.

Си-Ен-Ен претходно објави, повикувајќи се на изјави на двајца американски функционери и висок претставник на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, дека САД ги финализираат плановите за испраќање на ракетниот одбранбен систем „Патриот“ во Украина и дека деталите за потенцијалната испорака би можеле да бидат објавени веќе оваа недела. Наведоа дека се очекува одобрување на планот за испраќање на „Патриотите“.

Не е јасно колку ракетни системи ќе бидат испратени, но типичната батерија на ова оружје вклучува радарски сет што открива и следи цели, компјутери, енергетски системи, станица за активирање на проектили и до осум лансери, од кои секој содржи четири проектили.

Украина побара од САД да испратат напреден систем за противвоздушна одбрана со долг дострел, кој е високо ефикасен во пресретнувањето на балистички и крстаречки ракети за да се брани од руски ракетни и напади со беспилотни летала, потсетува британската национална служба.

Слични содржини