Песков: Антируските санкции им штетат на европските земји

од Stefanija Kuzmanovska
105 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека антируските санкции очигледно им штетат на европските земји кои ги воведоа.

„Одредени проблеми очигледно се предизвикани од санкциите. Иако досега не беа критични, за ова би можеле да разговараме со германскиот канцелар Шолц“, изјави Песков за влијанието на санкциите врз Русија, а пренесува агенцијата ТАСС.

Како што рече, експертите совршено го гледаат процесот на приспособување на руската економија на тие услови и не е професионално тоа да се негира.

Слични содржини